Зошто Антикорупциска ја запре борбата против корумпираните политичари?

Претседателската на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска речиси два и пол месеци не закажува седници на телото што го води на кои ќе се разгледуваат конкретни случаи на корупција на владини функционери и други можни сторители на дела поврзани со корупциски дела и конфликт на интереси како основа на најголем број кривични дела во највисоките ешалони на власта.



Според дневниот ред на средбите на членовите на Антикорупциската комисија тие се занимаваат со се друго освен со тоа што им е основна задача, да гонат корупција и судир на интереси.

“За каква борба против корупција станува збор кога од 15.11.2019, другарката на Радмила Шеќеринска до денес [68 дена] нема свикано седница за постапување по предмети за корупција и судир на интереси”, е прашањето што Николовска го добива од социјалните мрежи од профили упатени во работата на Антикорупциската комисија.

Тие индиректно тврдат дека причината за ваквото однесување на Ивановска е нејзината наводна блискост со вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска.

На последната средба на антикорупционерите се расправало за општи теми без да се разгледуваат конкретни случаи на корупција.

Дел од предметите кои со месеци стојат во фиоките на антикорупциската комисија која ја води Ивановска се поврзани со високи владини функционери како генералниот секретар на владата Драги Рашковски или екс вицепремиерот Кочо Анѓушев.