Зошто Ангелов без докази ја обвини австриската ЕВН за пожар во Кочани

Несериозна изјава на директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов предизвика незадоволство од локалното население во Кочани од компанијата која е одговорна за носење струја во домовите на граѓаните.



Иако без никакви докази Ангелов индиректно ја посочи австриската компанија ЕВН која ги одржува жиците на бандерите за струја дека е виновна за пожарот од завчера во Кочани.

Доколку се потврдат зборовите на Ангелов тоа ќе значи дека ЕВН ќе мора да плати огромни оштети на сите што поради спој на жици претрпеле штета на својот имот. Но ако тоа што го зборува Ангелов не е точно тогаш некој ќе треба да преземе одговорност во владата за нападот врз австриската компанија.

“Најверојатно причината е спој на жици од бандери. И не станува збор за стар пожар како што се појавија шпекулации, туку за сосема нов. Сувата вегетација придонела пожарот да се рашири во неколку различни правци. Кога ситуацијата стана сериозна, од страна на градоначалникот, од мене беше побаран хеликоптер. Но, тој дејствуваше во Нагоричане, и беше ризик. Поради тоа хеликоптерот дејсствуваше на тој терен кој е тешко пристапен, додека пожарот во Кочани кој се движеше полека кон првите куќи и кон едно соседно село, можеше да се контролира од земја”, изјави Ангелов без да има доволно податоци што навистина е причината за еден од пожарите во Кочани.