Зошто Ахмети ја понижи Агелер и ДУИ почна конфликт со Америка?

За прв пат од кога е дојден на чело на ДУИ и влезе во владата, лидерот на ДУИ Али Ахмети, оди отворено контра јасните позиции на САД во Македонија.



Ахмети и Груби им дале налог на своите луѓе во републичкиот судски совет спротивно на содржината на писмото на американската амбасадорка Ангела Агелер, која пред две недели побарала да се расчисти со корумпирани судии, меѓу нив и тие кои ги криеле досиејата на Сашо Мијалков.

Наместо да се сменат судиите кои ги воделе споменатите случаи, луѓето на Ахмети во Судскиот совет ја сменија претседателката Весна Дамева, надвор од процедурата и законите.

Двајцата судии кои ги криеле досиејата на Мијалков кој веќе трета година е на црната листа на САД, се директно диригирани од Ахмети и Груби и се сметаат за дел од најтесниот внатрешен круг на лидерството на ДУИ кое треба да ги спасува претседателот и неговиот најблизок човек од затвор.

Што предизвика писмото на Агелер во кое посочува за корупција во судството и ги наведува предметите кои се вратени на повторно судење ?

Наместо Судскиот совет да донесе акт за одговорност против апелационите судии БЕЏЕТИ и ЕЛЕЗИ кои се дефакто судии на ДУИ, незаконски е разрешена претседателката Дамева.

Пучот против Судскиот совет и позицијата на САД го води судијата Селим Адеми кој иницира смена на Весна Дамева за да спречи иницијатива за одговорност за судијата Енвер БЕЏЕТИ но и Лирије ЕЛЕЗИ кои намерно ги чувале во фиока предметите против Сашо Мијалков со цел тие да застарат.

Енвер Беџети и Лирије Елези го прекршиле Законот за кривична постапка по неколку основи, се констатира во извештајот на комисијата која предходно изврши контрола на предметите за кои Аглер напишала писмо.

Но наместо луѓето на Ахмети да го прифатат негативниот извештај за членовите на Судскиот совет, потпретседателот на Судскиот совет Селим Адеми и членот Милазим Мустафа, по налог на Ахмети и Груби почнуваат војна за спас на двајцата судии кои го прекршиле законот.

Тие приговарале на острите констатации во извештајот, барајќи да се почека со заклучоците и инсистирајќи дека грешката е во Кривичниот суд, каде според нив долго се воделе овие постапки.

На 25.04.2023 порталот САКАМДАКАЖАМ дознава дека во писмото од 11.04.2023 на Амбасадорката Агелер точно се наведува за кои предмети станува збор. Од писмото многу лесно може да се види дека неколку исти апелациони судии, особено еден кој конкурира упорно за врховен судија, се поврзани со сите укинати или преиначени затворски пресуди во условна казна, на пример, кон Сашо Мијалков, кого Апелација повеќепати го спасува од затвор.

Веќе една недела имало поднесена иницијатива за одговорност на апелациониот судија Енвер Беџети, за кого Судскиот совет констатираше дека 9 месеци го држел предметот „Тврдина-Таргет“ во фиока за да застари. Но, иницијативата е блокирана за да дојде до седница. Како што дозна САКАМДАКАЖАМ.МК, пред неколку дена на колегиум во Судскиот совет иницијативата била блокирана од членови, предводени од потпретседателот Селим Адеми и Миљазим Мустафа.

Изворите на СДК од Судскиот совет тогаш рекле дека јавно ќе побараат на седница да се објави кој член од Советот гласал да се блокира патот на иницијативата за разрешување на Енвер Беџети. Велат дека ќе бараат ако треба колективна одговорност и да се распушти овој Судски совет, но јавноста да знае кој и зошто го брани судијата Енвер Беџети.

Потоа петмина членови на Судскиот совет под директна контрола на ДУИ тргнуваат со иницијативата за разрешување на претседателката Весна Дамева, затоа што таа ја ставила иницијативата за разрешување на Беџети на дневен ред.

⚖️ Наместо да го разрешат судијата Енвер Беџети, судијата кој 9 месеци во фиока го чуваше предметот Таргет – Тврдина против Сашо Мијалков за да застари, членовите на Судскиот совет, повеќето предложени од редовите на партиите, со своевиден пуч ја разрешија претседателката на Советот, Весна Дамева.

Во ситуација оркестрирана од потпретседателот на Советот, Селим Адеми, инаку поранешен функционер на ДУИ, самиот тој иницираше разрешување на Дамева, за евентуално да не дојде до разрешување на Беџети, што пак, беше седма точка на дневниот ред.

Селим Адеми на оваа функција е 10 години. Тој гласаше за назначување на Данева за претседателка на Советот во декември, но вчера ја смени реториката и упати низа обвинувања против неа.

Откако самата одби да поднесе оставка, Адеми со помош на колегите Милазим Мустафа, Мирсад Сурои, Ханиф Зендели, Лорета Георгиева, Павлина Црвенковска и Сашо Георгиевски, повика да се гласа за нејзино разрешување.

Судиите Енвер БЕЏЕТИ и Лирије Елези која е по потекло од село Србица, Зајас а сопругот и е помошник директор во АНБ, се личен избор на Али Ахмети.

Лирије Елези е втората судијка што го држела во фиока случајот Трезор со што му спасува 8 години затвор на Сашо Мијалков ?

Лирије е ќерка на Неџат Елези кој бил судија на Основниот суд Кичево, а потоа и заменик на Јавниот обвинител на Македонија се до 2018 година кога починал.

Неџат е родум од село Србица, Кичевско и еден од најблиските луѓе на кланот од Зајас на Али Ахмети.

Неговата ќерка Лирије Елези директно од Академијата за судии и обвинители беше избрана за судија за малолетници во Кривичниот суд во Скопје.

Нејзиниот сопруг е Бујар Ајрулаху, началник во АНБ – вработен со помош на Сашо Мијалков.

Доколку по овој скандал и објавена војна од Мала Речица за ,,Калето” амбасадорката Агелер не реагира ќе се урне митот дека ДУИ е под контрола на американската амбасада и ќе почне нов мит, дела всушност амбасадата на САД е под контрола на ДУИ.