Зошто Абази и Јовески молчат за ,,колежот на законите” во Чаир?

Зошто шефот на Обвинителство за организиран криминал Ислам Абази и неговиот шеф Државниот обвинител Љубомир Јовески молчат за ,,колежот на законите” во Чаир?



Ова прашање го поставува директорката на Институтот за комуникациски студии Жанета Трајкоска која смета дека евентуалната акција на обвинителството ќе биде дочекана ,,на нож” од власта особено од ДУИ која владее со општината Чаир.

Трајкоска цитира истражување на 360 степени според кое во Чаир се случил огромен криминал вреден стотина милиони евра кој може да се докаже многу лесно.

Шефот на јавното обвинителство за организиран криминал Ислам Абази е човек на ДУИ а државниот обвинител Љубомир Јовески е предложен од владата а избран од собраниското мнозинство под контрола на СДСМ и ДУИ.

,,Дали мислите дека надлежните, на пример Јавото обвинителство ќе отвори истрага по допрен глас?? Секако дека не – главите им се во песок. Дали ќе има игнорирање на сите податоци и факти презентирани во истражувањето на 360? Секако дека да – оти се поинаку ќе биде пречекано на нож.

Дали законите функционираат во Македонија? Сигурно не! После не прашувајте како се гради, како се заработува од градежништво и како се кешира на сметка на на сите нас.

Во оваа држава се е можно – оти немаме држава!
„360 степени“ документираше и дваесетина бесправно изградени станбени згради кои биле легализирани, а кои не го исполнуваат условот – да биле изградени најдоцна до 3 март 2011 година, како што предвидува Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Односно, тие објекти биле изградени во последниве четири-пет години, а биле легализирани како да постоеле пред март 2011 година.

,,…Како е можно да се поднесе барање за легализација на дивоградба пред таа да биде изградена? Еве два можни одговора. Првиот е дека инвеститорите сами си поднесувале барања за легализација на дивоградби, дури и пред да почнат да градат. Вториот е дека – Општината Чаир си чува или си додава архивски бројчиња по потреба во стари уписници, од претходни години…
…Не е за занемарување уште една околност – од вкупно 12 предмети на кои по случаен избор решивме да им ги провериме и решенијата за легализација, кај 10 се јавува едно те исто геодетско биро кое им направило геодетските елаборати. Старите велат – добриот глас, надалеку се слуша. Ќе слушнат ли и оние што навистина треба да слушнат?“, пренесува Трајковска

Целото истражување на 360 степени на линкот

https://360stepeni.mk/video-vo-chair-arhivirale-barana-za-legalizatsija-ushte-pred-divogradbite-da-pochnat-da-se-gradat/?fbclid=IwAR3jDXQcO2DyzKiqDavggv2WOwIHSzPpwEfGfNgYb8i47nxnjQY-nOYHuOg