Албанскиот премиер Еди Рама денеска на поздравна церемонија во Палатата на бригадите во Тирана, го пречека неговиот македонски колега, Зоран Заев.



Заев, кој е придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи ќе престојуваат во официјална посета на Албанија.

По состанокот на делегациии на двете земји, двајцата премиери, Рама и Заев, ќе одржат заедничка прес-конференција, јавуваат албански медиуми.