Главниот советник за економски прашања при Стопанската комора, Зоран Јовановски, предупредубва на „лежерното“ однесување во земјава при пандемија од корона но и сериозна економска криза која е на повидок.
„Каде и да се сврти во земјава, човек ќе види многумина без маски и без било какви обѕири за целава ситуација. Некого го мрзи, некој мисли не постои вирусов, некој од чист сеир или инает, секој со своја причина.Тоа е така затоа што кај голем дел од населението си постои генерална безгрижност.
Кај администрацијата платите си доаѓаат во цел износ, пензиите исто. Работел, не работел приватниот сектор, за државниот сектор е се’ исто како и пред коронава.
Дел од приватниот сектор исплаќа минимални плати само за да не отпушта.Тоа е така затоа што државата на сите страни расфрла пари позајмени од странство“ – пишува Јовановски на Фејсбук.
А тие пари ќе завршат. Набрзо, веќе во септември , предупредува…
Тогаш ќе дојде ударот и моментот на вистината. И намалување на платите и се’ друго. Е ТОГАШ, ќе сфатат сите дека ИЛИ ќе носат маски и ќе бидат дисциплинирани и здравственава криза ќе се стави под контрола и фирмиве ќе работат, а буџетот државен колку-толку ќе се полни ИЛИ ќе има тешки економски последици, помали плати, отпуштања. Жално е што ситуацијава со коронава не можеме да ја надминеме со свест и разбирање, ама тоа e, ќе научиме на потешкиот начин…- пишува Јовановски на Фејсбук.






