Зоран до Зоран: Ах бе Зоче, сите саалам чувеци бегат ут тебе

Премиерот Заев не може да се пожали дека не ја разбира пораката од својот струмички сограѓанин напишана на чист струмички дијалект за кој шефот на владата тврди дека е ист како петричкиот.



Бизнисменот Зоран Витанов вели дека не ја бива работата и дека мора да бира, или ќе биде Македонија или премиерот.

“Ах бре Зоче, оште пред три гудини ти кажах, ного зијан прааш, а там си курдисан даа упрааш. За даноко се избрука, за пописо се избрука, за Уставо се избрука, за бугаарто се брукаш, за вакциинте ептен… Или слуши шо ти гуворам, или ој си, оти зијано стоо! И кај тебе е зијан, нем да мисл’ш оти има аир ут такви пари! Треба се да е “по попис и пропис”, а не попис па пропис! Не оде таа т’ка. Стига те трпееме. Не га бива работта, или Македонија или ти! Ој си другарче, оти укулу тебе само вир’нлци устанаа, сите саалам чувеци бегат ут тебе”, пишува Витанов до Заев.