Македонската скијачка Ана Цветановска утрово на ЗОИ во Пекинг го имаше своето деби и заврши на 95-то место во крос-кантри трката на 10 километри во кое учествуваа 98 натпреварувачки.



Првото место и припадна на Норвежанката Тереса Јохауг која натпреварувањето го заврши со време од 28:06.3 што беше за четири стотинки подобро од второпласираната Керту Нисканен од Финска.

Со денешната трка Цветанова го завршува настапот на Зимските олимписки игри.

Претходно поради ситуацијата со КОВИД-19 и големиот број на пријавени натпреварувачи, Ана не настапи на трката (жени) на 7,5+7,5 км во скијатлон.