Здружението на новинарите на Македонија потсетува дека Уставот на РСМ во членот 16 го гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање и ова право е загарантирано во Законот за медиуми како и во Европската повелба за заштита на човековите права.
Повод за реакцијата на ЗНМ е денешната „покана“ од МВР за главниот уредник на Економски Лидер, Љупчо Златев во врска со објавите за сомнежите за сторени кривични дела од страна на Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.
На разговорот во МВР, од Златев било барано да потврди дали тој е автор на овие објави како и да го открие изворот на објавените информации што новинарот го одбил.
Во реакцијата на ЗНМ се вели дека „ретки се примерите во европските земји каде што за објавен текст кој индицира злоупотреби во системот, се повикуваат новинари да го кажат својот извор. Ваквата практика може да се толкува како притисок кон новинарите со што може да придонесе кон на само цензура.
ЗНМ со особен интерес го следи овој случај и стои на располагање за бесплатна правна помош за новинарот Златев доколку истата е неопходна“, стои во соопштението од Здружението на новинари на Македонија.





