Претседателот Стево Пендаровски објави на Твитер дека пристигнал во Атина, каде што утре и задутре ќе оствари официјална посета на јужниот сосед, при што не спомнува ни „м“ од Македонија, дури ни „Северна“, туку користи – знаменце.
Попладнево допатував во Атина. Мој домаќин е @PresidencyGR, Катерина Сакеларопулу. Утрешната официјална посета е прва посета на претседателско ниво на 🇬🇷 од независноста на 🇲🇰 досега.