Знамето со картата на „Голема Албанија“ се вееше во Тетово На вчерашниот собир во центарот на Тетово, на кој присуствуваше косовскиот премиер Албин Курти.



Фотографии од настанот на кој присуствуваа и Изет Меџити и Африм Гаши, на социјалните мрежи сподели градоначалникот на Тетово, Билал Касами.

Организатор на настанот беше градоначалникот Касами.

„Макфакс“ побара одговори зошто дозволил да се вее етничкиот симбол каде дел од териториите на Македонија, Црна Гора, Србија и Грција се преставени како дел од т.н. „голема Албанија“, но немало одговор на пораката.

Одговор се чека и од МВР, за тоа дали полицијата ќе бара одговорност од лицето што го извадило знамето, како и од организаторот, кој тоа го дозволил.