Знае ли Заев кога кажува вистина а кога лаже? (ВИДЕО)

Видео објавено на социјалните мрежи покажува дека премиерот Заев целосно ја губи контролата на изјавите што ги дава.



Во врска со бугарскиот договор тој за три месеци тврди две различни работи.

Еднаш пред изборите вели дека во бугарскиот договор Македонија прифатила заедничка историја затоа што тоа било факт а денеска вели дека Македонија не прифатила заедничка историја.

Ниту Заев ниту неговиот кабинет досега не објасниле дали владата и премиерот прифатиле заедничка историја со Бугарија ниту дале објаснување за овој “Минхаузен феномен”.

Екс министерот Антонио Милошоски оди чекор потаму. Според него не може да се исклучи дека Заев сериозно растројство.

“Заев личи на биполарна личност, лажофчина кој ја потценува интелегенцијата на граѓаните пред и после избори,
ги манипулира и соседите пред и после “братските” средби со нив и
прави ненадоместлива штета на националните интереси на Македонија и македонскиот народ!”, пишува Милошоски за премиерот.