Знае ли политичкиот конвертит што е срам, професор потсети како Димитров плачеше кога го избркаа од тимот од кој сега се срами

Во пост со наслов ,,СРАМ ДА СЕ НЕМАЛО”, професорот Јове Кекеновски потсетува дека екс министерот за надворешни работи и вицепремиер за евроинтеграции кој сега вели дека има срам што бил со актуелниот владин тим некогаш плачеше што беше избркан од владата што ја нарекува башибозук.



,,И повторно на ТВ оној политички первертит Никола Димитров – поранешен министер за надворешни работи и нелегитимен потписник на Преспанскиот договор.
Сега чувствувал одговорност што бил дел од власта и на изборите давал ветувања што се далеку од реалноста.
Екипата не му била таа!?. А во таа поранешна екипа беа Ковачевски, Бујар Османи. Оливер Спасовски, сегашниве министри за економија и финансии и кој се уште не? .
Тогаш јавно говореше дека функционираат одлично, а сега дека не му е истата екипа.
Сетете се дека плачеше како мало дете по сите медиуми дека не стана дел од екипата на Ковачевски со речиси истите луѓе. Ауууу зннае ли воопшто овој човек што е срам?.
Годишните времиња и ветрот поспоро се менуваат отколку неговите ставови.
Аман има ли дерман од вакви политички превртливци”, прашува Кекеновски откако вчера Димитров во интервју за Канал 5 призна дека згрешил што дел од актуелната власт.

Димитров беше дел од владата цели 5 години додека не беше избркан од неа.

Димитров смета дека ова е башибозук, се кае што бил дел од таа екипа