Знае ли Ковачевски дека студентите келнери кои ги злоупотреби во Словенија избегале во негово време од Македонија

Премиерот Ковачевски пред неколку дена изјави дека студенти кои работат како келнери во Словенија го молеле Македонија да ја внесе во ЕУ за да можат да работат во унијата ама во својата земја.



Ковачевски не кажа дали знае дека тие студенти келнери од Македонија избегале односно заминале на работа во странство во време на владеењето на СДСМ односно кога тој бил премиер или заменик министер за финасии.

Студиите во Словенија траат 3 години ако се додипломски плус две ако се магистрира што значи студентите од Македонија се иселиле најрано во 2020 година кога тој бил заменик министер за финансии и не направил ништо за да го спречи нивното владеење.

Ковачевски преходно бил дел од највисокото раководство на СДСМ.

Во текот на владеењето на СДСМ веќе 6,5 години од јуни 2017 година до сега од земјава се иселени десетици илјади луѓе најголем број од нив млади.

Зошто Ковачевски не кажа дека овие студенти кои наводно ги сретнал во Словенија од Македонија избегале додека е тој и неговата партија се на власт е јасно. Премиерот не сака да признае дека и тој лично како човек кој владее со години на различни нивоа придонесол за егзодусот на младите македонски граѓани.