Змијанац: Никој не смее да биде амнестиран од одговорност во однос на немањето на учебници

Учениците се дискриминарни и прекршено им е правото на образование, реагира првата детска амабасада во светот „Меѓаши“, објави Алфа. Откако трета година по ред се случува хаос во образованието со немање книги за секое дете, првиот човек на „Меѓаши“ Драги Змијанац рече дека се поминати сите граници, и порачува дека никој не смее да биде амнестиран од одговорност. Што се однесува до тужбата кон МОН од страна на Комисијата за спречување и заштита од корупција, Змијанац вели дека и родителите може да го тужат министерството зашто не обезбедило книги на стартот од учебната година.



Со реакција се јави и СОНК од каде од каде побараа поголема сериозност од министерството за образование. Неделков додава и дека без книги не се само основците, туку и учениците од средното стручно образование, кои со години немаат книги, па така во прашање е доведено знањето на учениците.