„Злосторство“: Спасовски за скандалот на Онкологија

„За ваков чин, вакво злосторство, ваква нехуманост од било кого, нема да има никаква толеранција“, рече изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за монструозните сознанија на Онкологија каде на пациенти наместо терапија против рак, им се давало физиолошки раствоир, а вистинските лекови – оделе на Косово.



„Нема збор кој може да го опише тоа што се случува. Се изгубила човечката димензија, и ова се состојби кои во континуитет подолг временски период траеле“, рече Спасовски за ТВ21.

Наодите кои беа објавени, информации кои се собрани од МВР бараа да се одземат соодветни електронски уреди, да се одземат одредени материјали од клиниката за онкологија, кои преку анализата ќе можат да бидат дел од доказите.

Сакам да кажам посебен тим од полиција работи во координација со обвинителството, направен е целосен план, и интензивно се работи на прибирање на информации во овој дел. За конкретноста на информации не можеме да откриеме сега, не смее на никој начин да се влијае на постапката, со цел да не се руши еден дел од доказната постапка која ја имаме.реклама

Постојат постапки и процедури, бројот на лица во истрагата е поголем и не можам да излезам со бројки.

Сето она кое се прави е да се утврди затоа што навистина виновниците имаат име и презиме и тие мора да бидат утврдени“ -вети министерот.