Зоран Златковски сопственикот на фирмата Вез Трејд која добила 270 илјади евра грантови од Националната агенција за европско образование и мобилност, ги отфрла како неосновани тврдењата дека се работи за злоупотреба.



Во писмо што го пренесуваат медиуми, Златковски вели дека не е “фризер”, туку наставник, обучувач, консултант, кој работи во на полето на образованието во последните 25 години како професор по стручни предмети и координатор на бројни проекти од ФАРЕ, ИПА и Еразмус прогрмите од 1998 г. па се до денес.

Фирмата ВЕЗ, веќе неколку години активно работи во полето на образованието и има сериозно портфолио на успешни проекти, пишува Златковски и ги наведува:

  1. Medi@Digi – PLUSTICA – Едукација за медиумска писменост во дигитално опкружување – ПЛУСТИКА, Еразмус+ програма, Клучна акција 201 – 2020 г. 
  2. EntreSTORM – Младите почнуваат претприемачки предизвици, Еразмус+ програма, Клучна акција 202 – 2020 г. 
  3. Entre SHALLANGER – Претприемачки предизвик, Еразмус програма, Клучна акција 102 – 2020 г.
  4. FlexJOB – Платформа за барање работа, Еразмус+ програма, Клучна акција 204 – 2020 г. 
  5. CREATOR – Дизајн на претприемачко размислување, Еразмус+ програма, Клучна акција 102 – 2019 г. 
  6. MediaDigi – Медиумска писменост во дигитално опкружување, Еразмус+ порграма, Клучна акција 201 – 2018 г. 
  7. VEYoW – Валицација на младинска претприемачка работа, Еразмус+ програма, Клучна акција 102 – 2018 г. 

Без оглед на владеачката гарнитура во државата и раководните позиции во Националната агенција, Зоран Златковски вели дека во континуитет аплицирал и добивал Еразмус проекти и преку училиштето во кое работи и со својата компанија и на сите бил главен координатор. Податоците за ова можете да ги добиете од Националната Агенција.

За „илјадниците евра кои вртоглаво се вратат по медиумите, се наменети за активности, НЕ за ‘фризерницата’ вели дека тоа се средства воглавно мобилности на ученици и трошоците поврзани со таквите мобилности во неколку европски држави, за период од неколку години.

Во продолжение за насловите од ипот „Фризерница добила 270.000 евра грантови”, Златковски вели:

„Прво, не добила фризерницата, туку добила фирмата ВЕЗ Трејд која има поширока дејност од само “фризерница” и второ, зарем “фризерниците” не се бизниси за почит? Зарем ако е “фризерница” не смее да учествува и аплицира во образовни проекти? 

И директорката нa Националната агенција која ги додели средствата, Лидија Димова тврди дека грантовите се доделуваат по неколку фази на евалуација од експерти.

Димова ги демантира наводите дека ненаменски трошела и други пари на агенцијата како и дека вршела мобинг на вработени. Најави тужби за клевета.