Новинарот и уредник на Радио Лидер Љупчо Златев ги коментира медиумските напади врз екс претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски од страна на апологетите и новинарите под контрола на актуелното раководство на партијата на власт.
,, Отворам timе.mk и читам како 5 луѓе во ист час пишуваат исти тези против Бранко Црвенковски. Дел се демек новинари, дел демек аналитичари.
Ме потсетува ова на едни други денови, денови кои со свои очи ги гледав како се распаѓаат како кула од карти.
Искрено, не можам да проценам дали со своите јавни и тајни политики Црвенковски на некој начин го поддржува ВМРО-ДПМНЕ, ама, СО СИГУРНОСТ можам да потврдам дека Мартин Протуѓер им го води Пи-Арот на СДСМ. Впрочем, затоа и нема да стигнат далеку…”, пишува Златев кој добро ги познава внатрешните состојби во двете најголеми партии.






