Златев: Го чувствувам неговиот крик за помош, да му помогнеме на Тричковски

Уредникот на Радио Лидер Љупчо Златев бара да му се помогне на колумнистот на порталот Фронтлајн Бранко Тричковски кој вчера како проститутки означи стотици новинарки и новинари кои гласале за нив лидер и тела на ЗНМ.



И претседателот на ЗНМ беше означен како ,,слатка мала ку*ва.

Златев смета дека случајот Тричковски е доказ за лошиот здравствен систем кој не го прибира новинарот на Фронтлајн во институција.

,,Погледнете колку ни е неефикасен здравствениот систем! За ова говори фактот што по повеќе од десет години сериозни психички нарушувања Бранко Тричковски сѐ уште не е собран во душевна болница.

Наместо да му се пружи елементарна здравствена помош во клиниката во Бардовци или Демир Хисар, очигледната болест на Тричковски е злоупотребувана од страна на владејачката СДСМ и порталите под нивна контрола.

Како човек со емпатија искрено жалам за овој наш сограѓанин кој некогаш се бавеше со новинарство, дури ни на најзлобните непријатели не им ја посакувам неговата судбина…

Време е да се здружиме и да му помогнеме на Тричковски, жално е човекот да биде оставен во ваква состојба! Наместо да полемизираме со него и да го навредуваме на социјалните мрежи, треба да се здружиме и да му помогнеме!

За секој човек постои втора шанса, постои и за Тричковски за кој верувам дека може да се опорави!

Неговиот крик за помош го чувствувам во неговите текстови, жалам што нашето општество станало волку бесчувствително и крикот не може да го чуе…”, пишува Златев по најновата колумна на Тричковски кој исто така е прогласен за ,,слатка мала ку*ва”.

Говор на омраза од „трабант“ на СДСМ: Лидерот на ЗНМ наречен „слатка мала ку*ва“