Има добри страни на новиот предлог закон на владата кој дозволува самите да одлучите дали сте машко или женско – реагира новинарот Љупчо Златев.
1. Ако ве осудат на затворска казна и се декларирате како женско – ќе одите во женски затвор!
2. Во пензија наместо на 64, како жена, ќе можете да одите на 62.
3. Ќе можете да влезете во родова квота како жена во собрание, градски совет итн…“ – објави Златев на Фејсбук.
Предлогот на Владата предвидува преку лична карта и со изјава заварена на нотар граѓаните во иднина да можат декларативно да го сменат полот од машко во женско или обратно. Односно, лицата кои што по раѓање се мажи во документите ќе можат да бидат наведени дека се жени, а лицата кои се жени дека се од машки пол.
Ова е суштината на промените во Законот за матична евиденција што деновиве ги предложила Владата.
Предлогот кој го носи потписот на поранешниот министер за правда Бојан Маричиќ и неговиот заменик Агим Нухиу има и европско знаменце и наскоро ќе биде претставен пред пратениците.







