Златев: Дали во руската амбасада во Скопје и МОБ се нормални?

Новинарот Љупчо Златев реагира на најавата на руската амбасада во Скопје за концерт.



Уредникот на Радио Лидер прашува дали се нормални луѓето што додека во руската интервенција во Украина гинат огромен број луѓе тие организираат забавни активности односно музички настан.

,,Дали се нормални овие од руска амбасада што на сред војна организираат концерт на романси??? Во таа војна, гинат украински цивили и војници, но и руски војници и руски цивили (етнички руси кои живеат во Украина), а тие овде организираат концерт на романси????
Ова е провокација на здравиот разум!!!”, пишува Златев кој истата дилема Јанина и за менаџментот на Македонската опера и Балет.

,,Дали се нормални овие од МОБ кои им ја дале салата на користење????”, е прашањето на Златев што си го поставува секој нормален човек додека илјадници луѓе во Украина се убиени и исчезнати а над еден милион ги напуштија своите домови.

Реакцијата и најавата на руската амбасада во Скопје на овој линк