„Секој што пука против Денко Малевски за, она што наводно рекол во почетокот на 90-те околу тоа дали Македонија треба да биде независна држава, треба да знае дека најмалку 60% од македонските граѓани во таа година биле ПРОТИВ Македонија да стане независна и да се одвои од Србија (не од Југославија)“, пишува долгогодишниот новинар Љупчо Зиков.
Според него, и најмалку 50% од политичките партии тогаш, исто така биле против одвојување.
„Прашајте се како помина денот на референдумот на 8 септември 1991 година!?! Немојте како ноеви со глава во песок … Вратете се назад, читајте новинарски записи и изјави … Се е запишано, драги мои“, пишува Зиков на Фејсбук според кој МРТВ по „налогот што го добил“ тогашниот директор, Слободан Чашуле, почнала да емитува македонски национални песни како „загревање за големиот и важен резултат (откако било усогласено дека референдумот ќе биде успешен)
Во продолжение постот на Љупчо Зиков на Фејсбук:






