Лидерот на Алијансата за Албанците, во емисијата „360 Степени“ на Алсат М изразил песимизам дека може да се постигне договор за уставни измени во парламентот.
Истовремено, и во случај на предвремени избори, Зијадин Села го отфрлил предлогот за заеднички листи со СДСМ.
„Не можете да барате од нас да влеземе во коалиција со луѓе кои ни забија нож во грбот и тоа пред само 5-6 месеци.
Сега барате јас да одам во предизборна коалиција со Зоран Заев. Ве молам. Ова не е лично прашање“, рече Села во гостувањето на Алсат М.




