„Ние сме за предвремени парламентарни избори, заради многу прашања. Освен планот за добрососедство и надворешна политика, за што беше заслужен меѓународниот фактор, ова се однесува на Преспанскиот договор и промената на името, и уставните измени, во сите останати сфери, Владата беше неуспешна“ вели лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села.
Во врска со претседателските, Зијадин Села вели дека за Алијансата поприфатливо е избор на претседател во Парламент бидејќи само во оваа форма зборот „консенсуален“ го добива правото значење.
„Има време, кога ќе се распишат изборите, ќе се огласиме“, изјави Села, како што пренесува Civilmedia“.





