Зибери: Владеењето на Заев беше позитивно, со ВМРО-ДПМНЕ државата би била на сериозен тест

Политичкиот аналитичар Насер Зибери го оцени како позитивно премиерувањето на Зоран Заев и смета дека со ВМРО-ДПМНЕ повторно на власт Македонија би била исправена пред сериозни предизвици.



„Овие ќе бидат најдраматични избори по долго време. Ако Заев не е следниот премиер, мислам дека Македонија ќе биде ставена на многу сериозен тест со оглед на ставот на ВМРО и на нејзиниот лидер за клучните прашања, како што се Договорот од Преспа, оној со Бугарија, Законот за јазиците и други стратешки проблеми за Македонија“, изјави некогашниот пратеник и министер за труд и социјална политика во интервју за весникот на албански јазик „Љајм“.

„Тригодишниот период на владеењето на Заев генерално може да се смета за позитивен. Не беше успешен во сите сфери, но може да добие преодна оценка“, додава Зибери, поранешен генерален секретар на Партијата за демократски просперитет (ПДП).