Народниот правобранител Насер Зибери, кој пред последните парламентарни избори беше промовиран од ДУИ во нејзин кандидат за премиер под мотото „Зошто да не?“ (Pse jo?), вели дека со Албанец претседател на Владата би се урнале табуа.
„Станува збор за прекршување на некои табуа дека премиер или клучните раководни функции во РСМ се резервирани само за една етничка заедница. Тоа би значело надминување на таквите бариери и создавање амбиент во кој квалитетот, изборните резултати и визијата за иднината на земјата ќе бидат одлучувачки, а не припадноста“, изјави Зибери во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ 21.






