Во моментот кога Собранието се распушта таа престанува со вршење на својата функција определан со устав, закон и деловник и овие две прашања не треба да се мешаат, вели поранешниот министер и пратеник Насер Зибери во гостување во емисијата Вин Вин на телевизија Телма.



Зибери смета дека иницијативата од страна на владејачката партија СДСМ за повторно свикување на веќе распуштеното собрание не е паметна работа, додавајќи дека согласно член 125 одлуките собранието може да ги потврди во случај доколку за предлогот гласаат 80 пратеници или двотретинско мнозинство од вкупниот број на пратеници во собранието, што во случајот не се.

Mислам дека предлагање на свикување седница со ваква точка односно на точки на дневен ред мислам дека не е многу паметно, без притоа да се обезбеди потребното мнозинство кое впрочем ќе ги носи одлуките, оцени Зибери во вечерашното гостување во емисијата Вин Вин на Телма телевизија.