Бара ли кандидатот на ДУИ за премиер, Насер Зибери, враќање на долгот од СДСМ за поддршката од интегративците за нивниот предлог за претседател на државата Стево Пендаровски?
„Само седнување на маса ќе значи изнесување на аргументите од наша и од страна на Социјалдемократскиот сојуз и на крајот на краиштата ние поставуваме едно прашање: ‘Зошто не може Албанец да биде премиер? Вие знаете дека претседателот на државата беше поддржан од Демократската унија и само така тој можеше да победи. Во спротивно, господинот Пендаровски ќе ги изгубеше изборите во трката со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Значи, апсолутно нема ниеден аргумент по етничка основа да се одбие кандидатурата на ДУИ“, изјави Зибери за бугарската ТВ Европа.





