„Журнал“: „Палежот на ‘Михајлов’ е доказ дека се ангажирани специјалци, за да нема договор меѓу РМ и Бугарија“

„Многу е тешко, или и неможно дека Макрон ќе успее да ја убеди Бугарија да го отстрани ветото за с.Македонија и таа заедно со Албанија да добијат датум за почнување на преговорите со Европската унија. Всушност, самиот Макрон со својата последна идеја го запре процесот на проширувањето на ЕУ. Палењето на бугарскиот културен центар ‘Ванчо Михајлов’ во Битола е показател дека се ангажирани и специјалци, посебни луѓе, за да го растурат можниот договор меѓу двете земји. Во вакви околности не е веројатно дека Бугарија ќе го повлече ветото. Македонија и Албанија ќе останат долго време изолирани на својот пат кон Европската Унија.“ – вели информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата редакциска анализа со наслов „Ќе успее ли Макрон да ја убеди Бугарија да го укине ветото за с.Македонија?“.

„Журнал“ пишува: „Јунскиот самит е место и време да се одлучи дали Бугарија ќе го отстрани ветото за с.Македонија и дали ќе го отвори патот за евроинтегративниот процес за неа и за Албанија. Останува загатка дали Бугарија ќе го укине ветото до крајот на јуни. На врвот на добрите односи беа фатени луѓе, вработени низ институциите на двете земји, кои работеа против постигнувањето конечен договор. Тоа покажува дека таквиот договор, кој би го отворил патот за интеграција на Западниот Балкан во ЕУ, му пречи секому и затоа се залагаат да спречат такво сценарио.“

„Палењето на бугарскиот културен центар ‘Ванчо Михајлов’ во Битола е показател дека се ангажирани специјалци, посебни луѓе, за да го растурат можниот договор меѓу двете земји. Но, стратегискиот интерес и потребата за развој не им дозволуваат на државите откажување, и покрај сите бариери.“

„Вербата на граѓаните во зачленувањето во ЕУ започна да опаѓа, поради долгите, временски неодредени рокови за интегрирањето. Затоа сега е потребно претпазливо дејствување, со цел да не се изгуби можноста, но и за да не се разочараат граѓаните и да немаат повеќе ниту надеж ниту верба во вредностите на ЕУ.“

Бугарија, како земја членка на ЕУ, го искористи своето вето во ноември 2020 година, за да ја блокира с.Македонија да започне преговори за членство во Европа. Бугарија првично ги оспоруваше македонскиот јазик и македонскиот идентитет, барајќи од Скопје да признае дека тој јазик и идентитет во минатото имале ‘бугарски корени’. Но, сега главното барање на Бугарија се однесува на правата на бугарското малцинство и тоа да биде вклучено во Уставот на с.Македонија.“

„Но, останува да се види дали Макрон ќе успее да ја убеди Бугарија да го отстрани ветото за с.Македонија и таа заедно со Албанија да добијат датум за почнување на преговорите со Европската унија. Такво нешто е многу тешко, да не кажеме и неможно. Франција, како држава која во овој момент божем искажува интерес тоа да се случи. Токму последната идеја на Макрон го запре процесот на проширување на ЕУ.“

„Сега на подготвеноста за средба на претставниците на македонските и бугарските власти во Париз се гледа повеќе како на нешто површно, отколку суштинско. Во овие околности нема веројатност дека Бугарија ќе го повлече ветото и автоматски с.Македонија и Албанија ќе останат долго време изолирани.“