„Журнал“:„Македонците треба сами да решаваат за идентитетот – но и да ги почитуваат договорите, оти ќе има страшни последици!“

„**** Македонија слави 31 година од независноста од поранешна Југославија, а македонските опозициски партии сè уште се во дилема, во која насока треба да оди оваа земја.“ – вели информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својот уреднички коментар со наслов „Денес, 31 година од независноста на **** Македонија – која е насоката што треба да ја следи оваа држава?“

Покрај другото, „Журнал“ пишува: „ВМРО-ДПМНЕ ја почна процедурата за граѓанска иницијатива за собирање потписи за распишување задолжителен референдум во врска со Договорот за добрососедство со Бугарија.“

„Мицкоски велеше и дека ќе го поништи Преспанскиот договор со Грција и оти ќе го врати старото име ‘Република Македонија’. Но, последиците од тоа ќе бидат страшни за самиот Мицкоски и за државата, бидејќи тоа би значело напуштање на НАТО и постројување на патот на Кина и Русија.“

„Македонците треба самите да решаваат за прашањата на нивниот идентитет и историја, но сето тоа мора да биде низ дијалог, консензус и почитувајќи ги потпишаните договори со соседите.“