„Журнал“: „Значителен број граѓани на с.Македонија со целосна свест и со злонамерно мислење ја поддржуваат руската војска“

„Со целосна свест и со злонамерно мислење руската војска добива поддршка од значителен број жители на с.Македонија. Руската војска наиде на восхитување, егзалтираност кај некои експоненти на јавното мислење во земјата. Во една анкета до 40 отсто од нашите граѓани се на линијата на Москва и Путин.“ – се вели во анализата на информативната агенција на албански јазик со наслов „Сенката на русофилството во земјата-членка на НАТО“. Инаку, во анализата не се споменува зборот Македонци, туку само „жители на с.Македонија“ и „наши граѓани“.

Во анализата пишува: „Димитар Апасиев, лидерот на партијата ‘Левица’, кој е и пратеник во Собранието на Северна Македонија, не крие дека е русофил и против НАТО. Тој ова го искажува на говорницата на Собранието и на општествените мрежи. Отворено ги брани диктаторите и автократите и за своите објави добива солидна поддршка на општествените мрежи.“

„На оваа линија е и вториот русофил Јанко Бачев, кој во својата последна изјава во јавноста ја оправда руската агресија во Украина. ‘Не е во интерес на Македонија да се приклучи кон санкциите против Русија. Нам ни е потребна принципиелна и неутрална политика, со што ќе се одржат добри односи со Киев и Москва.’ – рече тој. Апасиев и Бачев треба да ги потсетиме дека ниту Русите не ја посакуваат и не навиваат за агресијата на Путин-болниот од Урал.“



Зошто треба да се поддржи Украина?

„Со поддршката за Украина ние се поддржуваме себеси и поради оваа причина малку сум изненаден од силината на поддршката за позицијата на Русија во овој судир од одредени кругови.’ – изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи. Според него, има обиди да се деградира државната позиција преку иронизирање на поддршката што Република с.Македонија и ја дава на Украина. ‘Нам може да ни се чини дека луѓето коментираат напразно на фејсбук, на општествените мрежи, но тоа е поттикнато од одредени центри, кои сакаат да ја урнат довербата на граѓаните во нашите институции.’ – истакнува министерот Османи.

„Османи додава: ‘Целта е да се скрши довербата кон војската и кон институциите и потоа граѓаните да не ги слушаат нашите пораки. Нашите пораки не се слушаат кога на граѓаните им се упатуваат повици да прават нешто. На овој начин и се наштетува на државата. Затоа е важно сите да се бориме против овие хибридни закани и дезинформации, чија улога е да ја нарушат довербата на граѓаните во институциите и ова е клучниот елемент за безбедноста на државата.“

„За коментарите против НАТО се огласи и претседателот Стево Пендаровски. Тој објаснува дека целта на оваа стратегија е да се нападне кредибилитетот на НАТО, но и на ЕУ, со цел граѓаните да почнат да размислуваат за други алтернативи. ‘Државниот став на с.Македонија е јасен: ја осудивме руската агресија врз Украина и се приклучивме кон ставовите на НАТО-Алијансата и кон рестриктивните мерки на Европската унија против Русија.’ – рече претседателот Пендаровски.“