„Журнал“: Во Р*М има внатрешна војна без оружје, оти во мир не доби датум за преговори! – Потонаа уставните измени!

„Шефовите на држави, или влади на земјите-членки на ЕУ на Самитот на Унијата донесоа одлука за почеток на преговори за членство со Украина и Молдавија. Министерот за надворешни работи Бујар Османи изрази разочарување. Со ваквата изјава на министерот и реалната  состојба во државата јасно се сфаќа дека згаснаа надежите за спроведување на уставните измени. Иако лидерот на ДУИ Али Ахмети имаше изјавено дека измените ќе се направат до крајот на годинава. Македонија во услови на мир не успеа да обезбеди датум за почеток на преговорите. Тоа покажува дека во државата има внатрешна војна, но без оружје!“ – вели информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата редакциска анализа со наслов „Крајот на годината ги потона надежите за промена на Уставот!“.



Возот за ЕУ ​​запира – обвинувања и противобвинувања

Натаму, покрај другото, во анализата се наведува: Мора да се направат уставни измени за вклучување на бугарското малцинство во преамбулата на Уставот на *  Македонија, како државотворен народ, како што е предвидено во договорот со Бугарија, врз основа на она што е познато како „француски предлог“ за решавање на недоразбирањата меѓу двете држави за македонскиот идентитет, јазик и историските разлики.

Комисијата, за која станува збор, е бојкотирана од македонската и албанската опозиција, кои имаат различни позиции во однос на измените што треба да бидат одобрени. Албанската опозиција бара со уставните измени да се отстрани формулацијата „20 проценти’ од Уставот за албанскиот јазик. Македонската опозиција бара формирање национална држава, според хрватскиот модел, при што * Македонија ќе биде дефинирана како држава на Македонците и другите малцинства, вклучително и Албанците како малцинство, и покрај тоа што тие учествуваат со повеќе од 30 проценти во структурата на населението.

И покрај големиот оптимизам дека уставните измени ќе се случат, вистината го докажа спротивното и * Македонија остана на истото место што се однесува до нејзиното патување кон ЕУ. Сепак, расправата за уставните измени продолжува. Во врска со оваа ситуација без резултат политичарите одговараат со обвинувања и противобвинувања. Подепресивен  е фактот што и во воени услови Украина го доби датумот за официјално отворање на преговорите со ЕУ. * Македонија во услови на мир не успеа да обезбеди датум за почеток на преговорите. Всушност, тоа покажува дека во државата има внатрешна војна, но без оружје.

Уставните промени се одлучувачки за напредокот на државата: ако се случат, таа ќе го продолжи европското патување, но ако не се случат, ќе биде изолирана, ќе доживее назадување и повторно ќе се соочи со бугарското вето. Ќе имаме враќање на нула. И покрај формирањето на комисијата за изработка на амандманите на Уставот од страна на Министерството за правда, тој не се промени.