Журнал“: Шеќеринска порачува дека „скопското крило“ не го прифаќа Ковачевски? – Има пратеници што ќе го загрозат мнозинството?

„Критиката на Шекеринска може да биде и порака дека ‘скопската крило’ во СДСМ не го прифаќа Ковачевски како ‘консензуален кандидат’ за претседател на партијата. Може ли таа со себе да повлече и пратеници на СДСМ, со што би се загрозило тесното парламентарно мнозинство на владејачката коалиција?“ – истакнува информативната агенција на албански јазик ИНА во својата анализа со наслов „Врие’ во СДСМ, Шекеринска се повлекува со обвинувања кон партијата – ќе земе ли некој пратеник со себе?“

ИНА пишува: „Министерката за одбрана Радмила Шекеринска предупреди дека нема да биде дел од идната Влада. По оставката од партиските функции во мај годинава, Шекеринска сега си заминува и од власт, од принципиелни причини. Смета дека е фер и принципиелно да се повлече и да не биде дел од идната Влада. Соопштувајќи ја одлуката за повлекување, Шекеринска не штедеше критики за партијата, обвинувајќи дека пораките на јавноста не биле слушнати и не биле разбрани.“

„Нејзиното појавување се толкува како јасно спротивставување кон Димитар Ковачевски, новиот претседател на СДСМ, кој наскоро се очекува да биде именуван за мандатар за формирање на Владата. Критиката на Шекеринска може да биде и порака дека ‘скопското крило’ во СДСМ не го прифаќа Ковачевски како ‘консензуален кандидат’ за претседател на партијата. Но, најголемиот страв што постои е тоа дали Шеќеринска има поддржувачи меѓу пратениците на СДСМ во Парламентот, кои евентуално не би го поддржале Ковачевски. Со тоа би се загрозило ионака тесното парламентарно мнозинство.“ – заклучува „Журнал’ во својата анализа.