Журнал: „Оди ли СДСМ во ‘ПЕКОЛОТ’! – Пат без враќање“

„Сите ветувања што ги даде Зоран Заев на парламентарните избори во 2016 година беа само негова ‘претстава’ за да ја освои власта. Многубројните скандали и лоши управувања со извршната власт во изминатите пет години на Зоран Заев и на неговата партија СДСМ придонесоа да се урнат неговиот имиџ како премиер и имиџот на неговата партија во очите на граѓаните на Македонија. Тие граѓани својот гнев од сите скандали го искажаа најдобро на годинашниве локални избори. Ова е и причината зошто СДСМ доживеа толку голема загуба на тие избори: тоа е и причина за неизбежно одење во опозиција.“ – констатира информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата анализа со наслов „Оди ли СДСМ во ‘ПЕКОЛОТ’! – Пат без враќање“.



„Журнал“ пишува: „СДСМ како партија на власта е најголем загубар на локалните избори: бројката на општини со кои што тој раководеше е преполовен во споредба од пред четири години. Врз слабиот резултат на оваа партија влијаеа многу чинители, кои го направија непожелен како партија кај бирачкото тело за локалните избори.“

„Во 2015 година Македонија ја зафати силна политичка криза кога лидерот на СДСМ Зоран Заев започна со објавување на така наречените ‘бомби’. Преку нив јавното мислење беше информирано за многубројните злоупотреби, кои беа вршени од високи официјални државни претставници. ‘Бомбите’ беа многу шокантни и предизвикаа бројни реакции.“

„Откако стана лидер на опозицијата, Заев вети дека ќе се ангажира силно да и се стави крај на оваа практика на злоупотреба на државните функции, ако ја добие довербата на граѓаните, бидејќи претставниците на власта ќе бидат во служба на граѓаните, а не на политичките партии, или на личните интереси. На изборите одржани во 2016 година, иако СДСМ не беше прва политичка партија според резултатите од тие избори, Заев со помош на други политички партии успеа да формира ново парламентарно мнозинство и ја презеде позицијата премиер.“

„Ова беше дочекано со ентузијазам дека конечно ќе се врати надежта за подобар живот во Македонија. Но, доаѓањето на чело на извршната власт изгледа повлијае негативно кај Зоран Заев: тој ги ‘заборави’ ветувањата за време на тогашната кампања, или изјавите кои ги даде при објавувањето на ‘бомбите’. Од ова граѓаните сфатија дека целата ‘претстава’ што ја приредил тој имала само една цел: преземање на власта и ништо повеќе.“

„Скандал со меѓународни размери изби во Македонија, кога се дозна дека луѓе со криминално минато успеале да дојдат до македонски пасоши. На тој начин тие луѓе се спасија од законот, или од потрагата по нив од разни држави. Ова беше скандал, кој на директен начин ја загрози националната безбедност на Македонија. Во исто време тоа влијаеше негативно врз имиџот на земјата на меѓународната сцена. Ова беше уште една причина повеќе, која повлијае да се урне имиџот на Зоран Заев и на СДСМ кај македонските граѓани. Својот гнев граѓаните го искажаа најдобро на годинашниве локални избори, испраќајќи и силна порака до сите одговорни за овој мегаскандал.“

„Македонија редовно страда од хроничната корупција, што ја следи уште од нејзиното осамостојување. Тоа беше и забелешка во секој извештај на меѓународните организации. СДСМ вети дека со неговото доаѓање на власт бескомпромисно ќе се бори против корупцијата и оти таа ќе биде стане само спомен, кој ќе му припаѓа на минатото. Состојбата не само што не се подобри, туку се влоши: Македонија во последниот извештај е на 111 место, како никогаш досега во својата историја од осамостојувањето до денес. Ова е уште еден многу важен чинител, кој повлијае Заев и неговата партија да доживеат толку голема загуба на локалните избори.“

„Тоа се само некои од многубројните скандали и лоши управувања со власта, кои го придружуваа СДСМ во текот на петте години од неговото практикување на власта. Сево ова беа причини, поради кои оваа партија доживеа голема загуба на локалните избори и кои во исто време никому не му дадоа до знаење дека неизбежно ќе се оди во опозиција.“ – заклучува „Журнал“ во својата анализа.