„Журнал“: Меѓународната заедница да интервенира и за ветото како што го урна ВМРО-ДПМНЕ за името

„Потребно е интервенирање на меѓународната заедница и во Бугарија да се создаде Влада, која ќе го прифати евроинтегрирањето на с.Македонија, како што меѓународната заедница интервенираше и во с.Македонија заради соборување на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, само за да ја доведе СДСМ на власт, која го смени името на државата и го создаде историскиот Преспански договор со соседна Грција.“ – вели информативната агенција „Журнал“ во својот редакциски коментар со наслов „Петков со ‘врзани раце’ не може да го реши спорот с.Македонија – Бугарија“.

„Журнал“ пишува: „Отворениот спор меѓу с.Македонија и Бугарија е причината за одложувањето на добивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ. Овој проблем ги блокира и с.Македонија и Албанија, тие се заложници на Софија, поради тој спор. Премиерите на с.Македонија Ковачевски и на Бугарија Петков беа полни со ентузијазам и енергија да го решат спорот. На почетокот тие имаа средби и напредок, влеваа надеж. Беа формирани историски комисии, за да се решат сите прашања и да се дојде до договор за добрососедство, па потоа и Бугарија да го крене ветото и да им го отвори патот на с.Македонија и Албанија за зачленување во ЕУ.“

„Дали на Владата на Петков и се заканува уривање, поради Скопје?“

„Но, Петков е предупреден дека мора да внимава да не прави ништо сам. Неговиот коалициски партнер и другите институционални лидери се закануваат дека ќе го соборат од премиерската функција и ќе ја растурат Владата. Петков има волја и оптимизам да го реши спорот со с.Македонија, но ‘националистите’ од партнерската коалиција му ги имаат ‘врзано рацете’, па затоа тој не се осмелува да преземе смели одлуки, бидејќи ќе биде разрешен од премиерската позиција. Многу е тешко дека таквата владејачка коалиција може да постигне конечен договор, особено не со формирањето историски комисии. Таквите комисии се засновуваат врз научни факти и се сочинети од историчари, а во политиката е познато дека историчарите не се толерантни во преговорите.“

„Затоа, само политичкиот ангажман со ‘одврзани раце’ овозможува конечен договор, но за тоа е потребна помош од претставниците од меѓународната заедница. Неодбежна е потребата од ‘меѓународна интервенција’, како што беше случајот со с.Македонија. Сега е поважно од кога било да се користи претходниот модел на ‘меѓународна интервенција’, како што беше во с.Македонија, кога меѓународната заедница интервенираше, за да ја собори владејачката македонска националистичка партија ВМРО-ДПМНЕ, само за да ја доведе СДСМ на власт, партијата која успеа да создаде историски мировен договор со соседна Грција, со што с.Македонија стана 30-та членка на НАТО.“

„Победничката партија во албанскиот кампус реши да не коалицира со ВМРО бидејќи и беше ‘наредено’ да коалицира со СДСМ, во тоа време напредна партија, од која се очекуваа големи промени. Една од промените, можеби за која и беше даден простор да го преземе кормилото на Владата, беше промената на името на државата со Договорот од Преспа.“

„Затоа, ако на јунскиот самит повторно бугарското вето го спречи добивањето датум за с.Македонија и Албанија за почеток на преговорите со ЕУ, тогаш ќе биде неодбежна меѓународна помош, или ‘интервенција’ токму по моделот на с.Македонија и во Бугарија да се создаде Влада не закрпена со националистички пратеници, кои од утро до вечер се ‘закануваат’ со уривање на Владата, туку заради создавање независна, легитимна и демократска Влада, која ги споделува европските вредности и која ќе сака и с.Македонија да се интегрира во Европската Унија. Заради создавање стабилност на демократското владеење во Бугарија и овој спор да се затвори засекогаш“ – заклучува „Журнал“ во својот коментар.