„Поранешната американска дипломатка Медлин Олбрајт беше високо ценета на сите страни на светот, особено од Албанците. Ширењето на веста на општествените мрежи за смртта на Олбрајт ја истакна омразата на значителен број Македонци кон неа. Тие не ја сакаа поради србофилија, или ја мразеа оти беше ‘ангелот-чувар’ на Албанците?“ – вели информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата анализа со наслов „Македонија има морална обврска да го признае делото на Мадлен Олбрајт“
„Журнал“ пишува: „Нема да инсистираме на одговори, кои би отвориле многу други прашања и непознаници. Но, ќе потсетиме колку политиката на Мадлен Олбрајт беше корисна за демократиите, особено во с.Македонија. Во своите истапувања Олбрајт одвојуваше простор да го критикува пристапот на Бугарија кон с.Македонија. Таа го постави прашањето како Бугарија ги исполнува своите обврски кон ЕУ.“
„Во 2020 година во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД Мадлен Олбрајт кажа: ‘Голема трагедија е што по толку потрошено време за решавање на прашањето на името со Грците, Бугарите, со цел да се спечалат поени на внатрешната политичка сцена, и беа поставени такви барања на С.Македонија“.
„Малкумина правилно го оценија политичкото дејствување на поранешниот американски државен секретар. Ивон Величковски од Либералната партија смета дека Македонците ќе и бидат благодарни на Медлин Олбрајт за нејзината улога во балканскиот регион. Според Величковски, реакцијата од Македонија кон Олбрајт треба да биде поволна.“
„Бескромпромисниот став кон геноцидот во Сребреница и спречувањето на истите слики во Косово спречија реки крв и на Балканот. И во Македонија. Без силен американски (и координирано европски) ангажман 2001-ва сеуште ќе траеше. Или Скопје и Косовска Митровица ќе ја делеа истата судбина. Да ги цениме и да ги чествуваме оние, кои ни помогнале без обврска, затоа што сметале дека е праведно да го живееме сонот за своја држава. Градејќи и следејќи политика и принципи на сопствената држава Политичарите во Македонија, а особено политичарите-Македонци, имаат морална обврска да го признаат ова.’ – напиша Величковски.“
Home Македонија „Журнал“: „Македонците ја мразеа Олбрајт поради србофилија, или оти беше ‘ангел-чувар’ на...





