„Во различни расправи, како и насекаде на општествените мрежи, меѓу Албанците од Македонија се поставува прашањето: дали во овие моменти треба да се солидаризираме со Украина, или не? Расправата се одвива најмногу меѓу поранешните припадници на ОВК, кои потсетуваат дека во 2001 година Украина и помогнала на македонската страна и и дала оружје, за да се гранатираат албанските села.“ – вели информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својот коментар со наслов „Има голема разлика меѓу денешна Украина и Украина, која им помогна на македонските ‘бранители’ во 2001 година!“
„Журнал“ пишува: „Оние кои долго време ги следат случувањата во Украина нагласуваат дека оваа расправа е погрешна од почетокот. Украина од 2001 година и денешна Украина се разликуваат многу меѓу себе. Од 2001 до 2008 година Украина беше раководена од режимот на прорускиот претседател Виктор Јанукович. Режимот на Јанукович во 2001 година и пружи неограничена помош на македонската страна во судирот против Албанците, нудејќи им на услуга на ‘бранителите’ хеликоптери и авиони од руско производство, кои потоа беа користени во војната против ОВК.“
„Но, во 2008 година украинскиот народ и прозападните сили во земјата низ повеќемесечни протести успеаја да го соборат Јанукович од власта и да формираат нова прозападна влада. Оттогаш, од ‘сателит’ на Русија Украина стана земја со јасна стратегиска цел еден ден да стане полноправна членка на Европската Унија и НАТО. Тука лежи суштинската разлика меѓу Украина, која во 2001 година им помогна на македонските ‘бранители’, и денешна Украина.“
„Целта на мнозинството Украинци денес, но и на државниот врв на оваа земја е иста како и целта на мнозинството Албанци – членство во НАТО и ЕУ. Сосема поинаку беше во 2001 година, кога целта на украинскиот режим беше да биде колку е можно поблиску до Русија, за да му служи колку е можно подобро на Путин.“
„Денешниот политички врв во Украина, раководен од претседателот Зеленски, бара помош од сите земји-членки на НАТО, а не од Русија. На Украина денес и треба солидарност од целиот свет, особено од Албанците, како нација која најмногу може да настрада, ако светот не успее да ја одбрани Украина. Многу светски политичари рекоа дека ако Русија победи во Украина, тогаш сигурно Балканот е следен на ред.“
„Затоа е навистина за жалење кога ќе се чуе дека некои Албанци зборуваат и пишуваат во негативен контекст за Украина, поради помошта дадена во 2001 година на македонската страна, без да имаат основни информации за промените, што се случија во 2008 година.“ – заклучува „Журнал“ во својот коментар.
Home Македонија „Журнал“: „Голема разлика меѓу прорускиот режим на Јанукович, кој ги вооружуваше во...





