„Журнал“: Ексамбасадорот Мисајловски го споредува Османи со Кисинџер, дека со својата дипломатска вештина застанал рамо до рамо со него

„Министерскиот совет на ОБСЕ заврши успешно – овој историски состанок на организацијата, која што во текот на оваа година ја водеше нашата земја, беше спасен од колапс, од клиничка смрт. Министерот Бујар Oсмани го спаси. Со дипломатска вештина застана рамо до рамо со Хенри Кисинџер, кој почина пред деновиве. Успехот на нашиот хирург е уште поважен, поради фактот што пациентот-ОБСЕ долго време беше во кома.’ – вака поранешниот амбасадор и дипломат од кариера Ѓорѓи Мисајловски ја заокружи дипломатијата на Бујар Османи и претседавањето на * Македонија со ОБСЕ.“ – пренесува информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата вест со наслов „Поранешниот амбасадор Мисајловски го споредува Османи со Кисинџер“.

Во веста „Журнал“ дополнува: „Претседавањето со една од главните меѓународни организации е сериозна работа и бара солидна дипломатија.’ – напиша меѓу другото Мисајловски.“