„Албанците наидуваат на дискриминирање во Бирото за албански јазик. Во работата на оваа државна институција не се почитува ниту законот за употреба на албанскиот јазик.“ – вели информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата информација со наслов „Дали Албанците се дискриминирани во Бирото за јавни набавки? – Од 18 раководни места, само на едно се наоѓа Албанец’.“
„Журнал“ пишува: „Од 18 раководни позиции во Бирото за јавни набавки на 15 такви позиции се наоѓаат Македонци, една позиција му припаѓа на претставникот на албанската етничка заедница и една на турската заедница. Една позиција е непополнета. Така покажува органограмот-организациската шема на структурата и хиерархијата на позициите во Бирото во јавни набавки, кој се наоѓа на официјалната веб-страница на Бирото. Тој органограм укажува дека не се принципот на правична и соодветна застапеност во оваа државна институција.“
„Директорот Борче Хаџиев се правда: ‘Унапредувањата и раководните позиции не се распределуваат врз основа на етничката припадност, туку според квалификациите и професионалното искуство.“
„Покрај ова, и електронскиот систем за јавни набавки се претставува само на македонски јазик, додека само неколку површни податоци се појавуваат на албански јазик. Во ова биро пред околу еден месец на барање на граѓаните беше извршена вонредна контрола од страна на инспекторатот за употреба на јазикот и дадени се забелешки.“





