Сопругата на Гоце Димитриевски кој го загуби животот по сообраќајката што во 2018 година се случи кај „Млечен“ во Скопје во октомври 2018 и за кој сторителот кој пресече две полни линии и удри во мопед во кој и таа се здоби со тешки тњелесни повреди и го изгуби бебето – поднесе претставка до Судскиот совет против судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, поради пристрасност
За Наташа Димитриевска, која ги изгуби сопругот и нероденото дете, условнта казна од Судот е пристрасна и додаде дека воопшто не се ценеле доказите. Како што вели тетовката на брифингот со медиумите, возачот на џипот кој удрил во нив додека се возеле на моторот, живеел во близина на несреќата па најверојатно пракса му било да преминува преку двете полни линии иако било забрането свртувањето.
Таа најави и дека ќе се обрати и до Советот на јавни обвинители од каде ќе бара преиспитување на постапувањето и на обвинителката која го водела предметот.
Од Обвинителствоти најавија дека ќе ја обжалат одлуката за пресудата која е само условна.






