Жртви и ранети на протестите по вчерашната победа на Макрон

Полицијата во центарот на француската престолнина Париз во неделата навечер отвори оган врз возило поради одбивање да ги почитува наметнатите правила, при што загинаа две лица, а трето беше повредено, пренесе АФП.



Автомобилот не застанал и униформираните пукале. Крвопролевањето се случи за време на протестите во близина на мостот Понт Нојф, веднаш по веста за реизборот на Емануел Макрон за претседател во неделата вечерта.

Полиција мораше да употреби солзавец против демонстрантите во центарот на Париз кои протестираа откако во неделата беше реизбран претседателот Емануел Макрон, пренесува Ројтерс.

Полицијата се обиде да ја разбие толпата претежно млади луѓе кои се собраа во централната населба Шателе да протестираат.

Протести се одржаа и во Лион…

Макрон ја победи лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен во вториот круг гласање претходно во неделата, освојувајќи втор петгодишен мандат и спречувајќи го она што инаку би било голем политички пресврт.

Иастовремено во близина на Ајфеловата кула се одржа митинг на поддржувачите на победникот на кој зборуваше и самиот Макрон.

Официјалните резултати од вчерашниот втор круг претседателски избори ќе бидат соопштени денеска.