Француската полиција употреби солзавец за да ги потисне демонстрантите од движењето „Жолти елеци“  кои се обидоа да стигнат до зградата на Европскиот парламент (ЕП) во Стразбур.



Тие и денеска, 25 сабота по ред протестираа во повеќе градови во Франција против политиката на претседателот Емануел Макрон, и два дена откако тој ги објави предлозите за намалување на даноците и другите мерки како одговор на барањата на демонстрантите, објави Ројтерс.

Околу 2.000 демонстранти се собраа во близина седиштето на ЕУ, но полицијата употреби солзавец и палки за да ги потисне.

Француската телевизија објави снимки што покажуваат дека повеќе демонстранти возвратија фрлајќи камења и други предмети кон полицијата.