Македонците во Бугарија и помалку во Македонија вчера и денеска го одбележуваат денот на погинието на Пиринскиот цар Јане Сандански.
Професорот Тихомир Стојановски пренесува како македонците во Мелник се сеќаваат на големиот македонски војвода.
Дел од песните во видеото можат веднаш да се препознаат но дел се малку познати за Македонците од Вардарска Македонија.
,,Армакедонските слави зафатија, во Пиринска Македонија, време за будење на Македонија и Македонците…!
Мелник, недела…повелете и не се плашете, со Исус страв нема…!
Македонски културен центар “Мелник”…!
Заповедајте…!”, објавува професорот Стојановски кој ги овековечил овие македонски звуци од Пиринска Македонија.
На чествувањето на 108 годишнината од смртта на на гробот на Јане Сандански се поклонија голем број Македонци од Бугарија, Македонија, Албанија и Грција а меѓу нив беа и професорките по историја Виолета Ачкоска и Наде Јурукова.
Страста со која македонските музичари во Бугарија свират и пејат за Македонија е нешто што ретко може да се види во земјава.






