Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров, побарал апанажа откако му заврши функцијата во Владата.
„Не сум од тие кои покрај работата имаат бизниси. Додека не се организирам ќе користам апанажа“, изјавил Димитров за А1он.
Тој објасни дека пред да влезе во владата откажал ангажман во меѓународен институт во Париз и дека живее од плата.
Апанажа побарале и Аријанит Хоџа кој беше министер за земјоделие, и Седат Сулејмани кој беше заменик министер за култура, надоместок вио висина на претходна плата што ќе го примаат во наредните 9 месеци.







