Жителите во Автокоманда сакаат во населбата да биде воведено зонско паркирање за да се реши проблемот што го имаат со недостиг на слободни паркинг места.
„За време на теренската анкета се изврши посета на секое домаќинство во населбата по што од резултатите може да се утврди дека жителите на Автокоманда даваат поддршка за воведување на зонско паркирање“, информира градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, на неговиот фејсбук профил.
Според него, било анкетирано 951 семејство, а од нив 632 се изјасниле за зонско паркирање, 52 одбиле да одговорат, а 266 семејства биле против.
Дел од граѓаните ја поздравуваат можноста на ваков начин да се реши проблемот до паркирањето, коментираат дел од граѓаните, други тврдат дека со анкетата не се опфатени сите семејства, додека оние кои се против воведувањето зонско сметаат дека на ваков начин ќе се оптовари семејниот буџет.






