Жителите на скопската населба „Трнодол“ денеска побараа градоначалникот на Карпош, Стефан Боиогоев, да го повлече Деталниот урбанистички план за дел од Трнодол кој, како што велат, може да предизвика лизгање големи земјени маси поради градење во заштитно зеленило под брдото, и да донесе мораториум за градба и издавање дозволи за градба во ризичното подрачје како што се брдата под Трнодол и Жданец. Доколку не го стори тоа, ќе ги радикализираат протестите.
„ Со планот во Козле се предвидуваат да се градат три згради, за кои Богоев вели дека се предвидени уште со претходниот план и се на приватно земјиште.
Граѓаните бараат забрана и за било какво градење во парк шумата Водно, над нивните населби. Бараат Град Скопје да донесе нов Регулацискиот план. , пренесува порталот СакамДаКажам.





