По 24 часовно смрзнување жителите на Скопје Север ќе добијат парно греење – тврди првиот човек на Топланата Куштрим Рамадани. Во изјава за „24“ вели дека граѓаните треба да бидат спокојни бидејќи обезбедил пари за набавка на гас за наредните 10 дена. Рамадани најави преговори со ЕСМ за да се најде трајно решение.
Граѓаните револтирани велат редовно плаќаат сметки, а парно воопшто немаат.
Од ЕСМ велат дека преку субвенции и понудиле помош на топланата Скопје- Север а ќе мора да ги вратат парите, но директорот Рамадани ја одбил оваа понуда затоа што побарал неповратни средства.
– Доколку АД Скопје-Север не сака да ги прифати условите кои важат за сите други субјекти кои испорачуваа топлинска енергија за над 58 илјади потрошувачи. Одговорноста за прекин на греењето на 500 потрошувачи кои ги снабдува во општина Чаир и Бутел паѓа исклучиво на АД Скопје Север, велат од ЕСМ.
Услугите на оваа топлана ги користат 500 домови, 13 училишта, градинките и здравствените домови во Чаир, Бутел и Топана.





