„Дебарца чиста ја наследивме чиста и ќе ја оставиме!“
Под ова мото жителите на Дебарца денеска на пладне го почнаа протестот против изградба на регионална депонија во село Годивје.
Депонијата ќе се гради со средства од ИПА- фондовите, а се планира да биде ставена во употреба до 2020 година, по што во овој регион ќе бидат затворени стотина диви депонии, меѓу кои е и струшката, информира НОВА ТВ.
Поради протестот два часа во прекин беше магистралниот пат Кичево – Охрид.
На крајот на март, со апел до премиерот Зоран Заев да се спречи изградбата на регионалната депонија во овој крај се јави и поранешниот амбасадор на Република Македонија и писател, Трајан Петровски.





