Жителите на Блаце не ја даваат земјата за автопат за 200 денари за метар квадратен

Државата им нуди по само 200 денари за квадрат на жителите на с. Блаце низ чии имоти ќе поминува автопатот Скопје-Блаце.



Тие се револтирани и бараат цената треба да биде над 50 евра. Според нив, понудените 200 денари се навредливи и исмејувачки.

„Вреднувањето ќе биде коректно кон луѓето и секако никој нема да биде оштетен, според законската рамка. Точно е дека граѓаните имаат право да се жалат за вредноста, но не и да се жалат на правото да ја дадат земја“-ветуваше вицепремиерот Бујар Османи во јануари.