Жителите на Водно, ќе треба да му плаќаат наем на контроверзниот бизнисмен Ангел Антониот Кастиљо Родригез, кој го купил имототот каде се наоѓа топланата на „Водно“ за двојно пониска цена од онаа на којашто била проценета, дознава Фокус.



Додека тој е во Јужна Америка, ЕСМ дистрибуција со денови не можеше да влезе во топланата на Водно за да направи подготовки за грејната сезона бидејќи новиот сопственик не им дозволуваше.

Топланата каде што поминуваат клучната топловодна мрежа од лани е продадена на фирма на семејството Кастиљо, па сега тој треба да покаже добра волја за жителите на Водно да имаат парно до крајот на грејната сезона.

Стечаен управник на „АД Топлификација“ е Богољуб Макревски, кој го продал имотот врз основа на одлука на Одбор на доверители и претходно извршена проценка на имотот, за „Фокус“ вели дека објектот бил продаден на јавно наддавање и со согласност на ЕСМ дека ќе ја дислоцира топловодната мрежа.

Тврди дека мрежата не била ставена на продажба, а ЕСМ, според неговото кажување, дури и му доставиле скица за дислокација и дека тоа би се направило лесно.

Таму имало пумпи кои работеле на струја и новиот сопственик за тоа плаќал струја…

неофицијални информации на Фокус, ЕСМ ќе треба да плаќа 5.000 евра месечно како наем за земјиштето, иако топловодната мрежа е јавен интерес.